Словенечката федерација го избра градот каде што ќе ја пречека Македонија во последното коло од квалификациите за Европското првенство 2026 во Полска, Чешка, Романија, Словачка и Турција.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе се игра во градот Велење, во домот на познатиот клуб Горење, „Рдеча дворана“.
Ако Словенија во 5 коло слави кај Белгија, тогаш ќе го потврди пласманот на ЕП, па овој дуел за нив нема да има резултатско значење.
За Македонија пак победа, реми или што помал пораз, може да значи ново учество на континенталните собири по оние во 2022 и 2024 година.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија е закажан за 12 април во „Рдеча дворана“ од 18:00 часот, додека претходно на 8 април ќе ја пречекаме Германија во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од 18:00 часот.
Секој гол ќе биде злато вреден – eве како котира Македонија на патот кон ЕП!
























