Познати се арбитрите за дербито меѓу шампионот и „сино-белите“ од Автокоманда

Во рамки од 19. коло од Супер лигата ќе се сретнат актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и „сино-белите“ од Автокоманда.

Овој натпревар воедно ќе биде последното дерби меѓу водечката тројка во регуларниот дел од натпреварувачката сезона.

Правдата на овој дуел ќе ја дели најдобрата домашна судиска двојка – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, додека делегати ќе бидат Драган Начевски и Ацо Николовски.

Натпреварот ќе се одигра на 24 февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:00 часот.