Познато кој против кого во полуфиналето на Ф4 од ЛШ кај мажите и жените

Денеска во Европската ракометна федерација (ЕХФ) се одржа ждрепката за паровите на завршниот турнир во Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција.

Во машка конкуренција на завршниот турниир во Келн ќе играат Магдебург, Кил, Алборг и Барселона.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Магдебург, во полуфиналето ќе се соочи со Алборг, додека во второто полуфинале ќе играат Кил и Барселона.

Завршниот турнир во Келн ќе се одржи во периодот од 8 до 9 јуни, по што ќе биде познато дали Европа ќе добие нов шампион.

Кај дамите место меѓу најдобрите четири екипи обезбедија Ѓер, Мец, Есбјерг и Битигхјам.

Во првото полуфинале на Ф4 во Будимпешта ќе играат Есбјерг и Ѓер, а победникот од овој меч ќе се соочи со подобриот од второто полуфинале, кое го сочинуваат Битигхајм и Мец.

Ф4 во женска конкуренција ќе се одржи на почетокот на месец јуни, односно на први и втори јуни.