По одигрувањето на реванш дуелите од осминафиналето во Лигата на Европа, познати се четвртфиналните двојки.
Директен пласман во четвртфиналето имаа обезбедено екипите на Нант, Скјерн, Спортинг Лисабон и Фленсбург.
Преку осминафиналните дуели, на четири споменати екипи им се придружија уште Динамо Букурешт, Фуксе Берлин, Рајн Некар и најголемото изненадување Савехоф.
Амбициозниот тим на Динамо Букурешт во четвртфиналето ќе се соочи со Скјерн, додека Савехоф налета на Фленсбург, кој е еден од фаворитите во оваа сезона.
Бранителот на титулата, тимот на Фуксе Берлин, ќе се соочи со Нант, а Рајн Некар оди на мегдан со Спортинг Лисабон.
Првите дуели од четвртфиналето ќе се одиграат на 23 април, реванш дуелите една недела подоцна, односно на 3 април.
Во минатата сезоа на Ф4 турнирот, освен Фуксе Берлин, играа уште Гранољерс, Монпелје и Гепинген.