На две кола до крај на регуларниот дел од сезоната во групите од лигата на шампионите познати се екипите што ќе играа директно во четвртфиналето, и нема да има потреба да разигруваат. А познати се и екипите што ќе разигруваат, односно се пласираа од 3 до 6 место во своите групи.
Фуксе Берлин и Алборг во Група А, и Магдебург и Барселона во група Б, обезбедија директен пласман меѓу најдобрите осум екипи. Имаат доволно предност во однос на другите тимови, па можат и „поопуштено“ да ги играа последните две кола.
Во осминафиналето ќе разигруваат по четири екипи од двете групи, односно оние што се пласирани од 3 до 6 место. Сега е познато само кои екипи ќе играат, но не и можните противници. Се игра по принципот А3 – Б6, А4 – Б5, А5 – Б4 и А6 – Б3. Победниците потоа ќе играта во четвртфиналето.
Од А групата во осминафиналето ќе играат Веспрем, Келце, Нант и Спортинг, а од Б групата: Висла, Сегед, ПСЖ и ГОГ.
Од игра за осминафиналето отпаднаа Колштад и Динамо Букурешт од А групата и Еурофарм Пелистер и Загреб од Б групата.
Последните две кола ќе ги дадат и двојките за осминафиналето.


























