Утре во спортската сала „Автокоманда“ ќе се одигра дерби дуелот меѓу тимот на Кире Лазаров и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.
Овој натпревар, кој е во рамките од 8. коло од Супер лигата, требаше да се одигра на 19/20 октомври, но поради европскиот настап на „сино-белите“, беше преместен за 22 октомври.
Правдата на овој дуел ќе ја дели најдобрата судиска двојка на Македонија – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, а делегат ќе биде Ацо Николовски/Марјан Начевски.
Третопласираниот тим од ланската сезона, моментално, нема пораз во досегашниот тек од сезоната, победи на сите седум натпревари.
Еурофарм Пелистер на седум одиграни натпревари триумфираше шест пати, беше поразен само од Вардар.
Утрешниот натпревар во спортската сала „Автокоманда“ ќе стартува со почеток од 19:00 часот.