Познато е кои судии ќе делат правда на Еурофарм Пелистер – Вардар

Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за дуелите од 16 коло во Супер машката лига.

Најголемо внимание привлекува најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Во Битола правдата ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегати ќе бидат Марјан Начевски и Марјан Огњановски.

Супер лига, 16 коло, распоред на натпревари:

10/12, 18:00, Еурофарм Пелистер – Вардар (Металари/Николовски)
10/12, 19:00, Тиквеш – Охрид (Начевски/Божиновски)
10/12, 19:00, Куманово – Пролет (Митревски/Тодоровски)
10/12, 19:30, Прилеп – Алкалоид (Андонов/Вукашиновски)
11/12, 17:30, Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје (Георгиевски/Георгиевски)
11/12, 19:30, Радовиш – Струга (Илиевски/Илиевски)