Познато е кога шампионот Еурофарм Пелистер ќе гостува во Автокоманда

Иако следниот викенд 19/20 октомври требаше да се одигра дерби натпревар во Автокоманда меѓу „сино-белите“ и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, тој доби нов термин.

Поради европските обврски на тимот од Автокоманда, натпреварот со пелистерци е закажан за вторник, 22 октомври.

Во меѓувреме Еурофарм Пелистер на 17 октомври гостува кај Висла Плоцк, па ќе има повеќе време за подготовки за натпреварот што ќе биде реприза од финалето на Купот и од Супер Купот.

Но само два дена по мечот во Автокоманда, ќе се соочат со унгарскиот гигант Веспрем, на 24 октомври во Битола. „Сино-белите“ на 19 октомври ќе играат на домашен терен против литванскиот тим Драгунас Клаипеда.

Ако битолчани слават на овој натпревар ќе се израмниот со тимот од Автокоманда кој е лидер на табелата.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД11110022
2ВАРДАР 196111100120
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190218
4ОХРИД1180316
5БУТЕЛ1160512
6ТИКВЕШ 20141151511
7ПРОЛЕТ1142510
8ПРИЛЕП114169
9КУМАНОВО113086
10СТРУГА112094
11БИСИНОВ Ф. Л.111193
12РАДОВИШ1101101