„Сино-белите“ од Автокоманда го потврдија датумот и саатницата за дербито на третото коло од Супер лигата.
Шампионот Еурофарм Пелистер ќе гостува во Автокоманда в недела, на 21 септември, во мечот што почнува од 18:00 часот.
Претходно битолчани в четврток ќе го одиграат дуелот од Лигата на шампионите на гости во Париз кај ПСЖ.
Покрај дуелот меѓу тимот на Лазаров и шампионот, уште еден дерби дуел ќе има во третото коло, Вардар – Охрид.
Овој натпревар е закажан за в сабота со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, поради зафатеноста на домот на Вардар.