Амбициозниот Охрид, во февруари следната година ќе има голем предизвик пред себе – борба за четвртфинале во ЕХФ Европскиот Куп.
Охриѓани ќе се сретнат со чешката екипа Дукла Прага, а првиот натпревар од осминафиналето ќе се игра во македонскиот бисер.
Тој е закажан за 14 февруари од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, додека реваншот ќе биде наредниот викенд.
Точниот термин допрва треба да го потврди чешкиот клуб, но ако македонскиот клуб направи добра предност на првата средба, реваншот не би требало да биде неизвесен.
Охрид го скокна првото коло поради високиот рејтинг, во второто коло го мина азербејџанскиот Баку со 50 голови разлика, додека во третото коло немаше проблеми против босанската Слога Добој која беше елиминирана со вкупна разлика од 42 гола.

























