По комплетирањето на четвртфиналните натпревари во источната дивизија на регионалната СЕХА лига, познати се сите учесници на Ф4.
Место меѓу најдобрите обезбедија белорускиот првак Мешков Брест, кој немаше проблеми против Машека Могилев на двата меча од четвртфиналето.
Изненадување приреди рускиот Виктор Ставропол, кој ја елиминираше ЦСКА Москва, откако загуби дома со седум гола, но победи на гости со осум и патува на Ф4.
Чеховски Медведи исто така ќе патува во Брест по елиминацијата на Пермски Медведи, како и СКА Минск кој беше подобар во двомечот од Зенит.
Завршниот турнир во СЕХА лигата ќе се игра во белорускиот град Брест во салата „Викторија“ од 31 мај до 2 јуни, a ќе има белоруско и руско полуфинале.