Европската ракометна федерација ги потврди термините и саатниците за натпреварите од првото коло во Европскиот Куп.
Таму македонски претставник ќе биде екипата на Тиквеш, која ќе се соочи со незгоден грчки тим Драма.
Првиот натпревар ќе се игра во Грција на 14 септември со почеток од 18:00 часот, додека реваншот е во Кавадарци.
Втората рунда од Европски Куп ќе се брка во салата „Јасмин“ на 22 септември на натпреварот кој ќе започне од 19:00 часот.
Минатата сезона Тиквеш беше елиминиран во второто коло од австрискиот Кремс, а годинава стартува од првата рунда.