Познати судиите за европските дуели на Охрид

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Единствен македонски претставник во ова натпреварување кој остана во конкуренција е Охрид по елиминациите на Бутел Скопје и Тиквеш.

Охрид ќе игра со босанската екипа Слога Добој, а првиот натпревар што е закажан за 16 ноември од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го судат Словенци.

Станува збор за Озрен Бацковиќ и Мирко Палацковиќ, додека делегат е Радош Ракочевиќ од Црна Гора.

Реваншот ќе се игра на 22 ноември од 18:00 часот, а ќе го судат Хесус Алварез и Мигел Сорија од Шпанија, а делегат ќе биде Унгарецот Гергељ Ватај.