Познати судиите за двомечот меѓу Македонија и Словенија

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за 3 и 4 коло од квалификациите за ЕП 2026.

Машката репрезентација на Македонија ќе игра два меча против силната Словенија во Скопје и Копер.

На првиот меч во СЦ „Борис Трајковски“ на 12 март од 20:00 часот, судии ќе бидат близнаците од Босна и Херцеговина, Амар и Дино Коњичанин, додека делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.

На втората средба во салата „Бонифика“ на 16 март од 18:30 часот, судии ќе бидат Унгарците Адам Биро и Оливер Киш, додека делегат ќе биде Јири Конечни од Чешка.

Словенија е прва со две победи и четири бода, Литванија и Македонија се на делба на второто место со по два бода, додека Естонија е последна без бодови.