Тренерите на Вардар и Еурофарм Пелистер, Гиљермо Милано и Раул Алонсо ги одредија составите на двете екипи за финалниот натпревар од Купот на Македонија.
Во составот на Вардар, во споредба со вчерашниот натпревар, Милано се одлучи за две промени.
На местото на крилата Марио Стојановски и Мигел Пинто, во составот ќе бидат Ален Ќосевски и Хансер Родригез.
Во битолскиот тим има само една промена – на местото на Алем Хаџиќ во ростерот ќе биде голманот Филип Ивиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 17:30 часот.
Вардар: Јагуринвски, Аларов, Стојановски, Георгиевски, Родригез, Крсманчиќ, Еспиња, Танкоски, Лазаревски, Горига, Срдановиќ, Николиќ, Петриќ, Ќосевски, Борозан, Гогов
Еурофарм Пелистер: Бораш, Ивиќ, Радивојевиќ, Кузмановски, Митревски, Манасков, Цехте, Тајник, Костески, Абутовиќ, Брестовац, Атанасијевиќ Петар, Атанасијевиќ Павле, Пешевски, Хосни, Шебиб