ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар со Борозан, но без Мело и Родригез – битолчани без Ѓорговски

Денеска се игра најголемото дерби во македонскиот ракомет меѓу Вардар и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Тренерите Владо Недановски и Бранко Ангеловски ги одредија составите на екипите за денешната пресметка на големите ривали.

Недановски за овој дуел нема да смета на голманот Марко Богдановски, левото крило Марио Стојановски, повредениот Мигел Пинто, како и на Кристијан Стаменковиќ, Хансер Родргиез, Младен Крсманчиќ и Нилтон Мело.

Ангеловски за дербито реши да ги изостави голманот Василије Печурица, пивотот Кајо Цикатиќ, левиот бек Емилијан Ѓорговски, како и десниот бек Павле Петровиќ, а повреден е Ненад Костески.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:45 часот, а се очекува присуство на „Комити“ и „Чкембари“.

Вардар: Еспиња, Гогов, Ќосевски, Георгиевски, Срдановиќ, Коиј, Лазаревски, Аларов, Маргели, Јагуриновски, Стојановски, Петриќ, Николиќ, Борозан, Горига, Танкоски.

Еурофарм Пелистер: Митревски, Ивиќ, Манаскв, Кузманоски, Атанасијевиќ Петар, Радивојевиќ, Пешевски, Ристевски, Цехте, Хосни, Абутовиќ, Хаџиќ, Борзаш, Кузмановски, Тајник, Атанасијевиќ Павле