Европската ракометна федерација ги објави составите на екипите на Валур и Вардар за пресметката од петтото коло во Лигата на Европа.
Македонскиот тим е значително ослабен на ова тешко гостување и ќе биде без кружниот напаѓач Милан Лазаревски, голманот Мигел Еспиња, левиот бек Вуко Борозан…кои досега беа стандарни првотимци.
Тие се повредени, а дополнително ќе биде познато колкава ќе биде нивната пауза од ракометните терени.
Нема да играат ниту десното крило Ален Ќосевски, левото крило Марио Стојановски, како и десниот бек Кристијан Стаменковиќ. Деби во „црвено-црниот“ состав треба да имаат голманот Марко Богдановски и десното крило Мигел Пинто.
Натпреварот меѓу Валур и Вардар се игра вечерва од 20:45 часот.