ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар без Јагуриновски, но со Борозан ќе „удри“ по Валур

Вардар вечерва ја стартува европската сезона со натпреварот против незгодниот исландски тим Валур.

Тренерот Владо Недановски за овој натпревар не смета на Томислав Јагуриновски, Дмитро Горига и Мигел Пинто, како и Марко Богдановски, Марио Стојановски, Томче Стојановски и Кристијан Стаменковиќ.

Левата бековска позиција ќе биде добро покриена со Борозан, Петриќ и Николиќ, додека на десен бек најчесто ќе го гледаме Маргели со оглед на тоа што Јагуриновски не е во составот.

Во составот на Валур се двајцата ветерани, голманот Бјоргвин Пал Густавсон и десниот бек Александер Петерсон.

Натпреварот меѓу Вардар и Валур се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.