Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат вториот натпревар од Лигата на Европа на гостувањето кај Мелсунген.
Тренерот Владо Недановски нема да смета на повредените Пинто, Горига, Јагуриновски и Ќосевски, а надвор од комбинација останаа Богдановски, Стаменковик и Марио Стојановски.
Роберто Гарсија Парондо нема да смета на Арон Менсинг и Тимо Кастенинг за денешната пресметка со неговиот поранешен клуб.
Натпреварот меѓу Мелсунген и Вардар се игра вечерва во Касел со почеток во 18:45 часот.