Македонскиот вицепрвак Вардар денеска го стартува настапот во главната рунда од Лигата на Европа со гостување кај незгодната Бенфика во Лисабон.
Тренерите Иван Чупиќ и Хота Гонзалез ги одредија составите, а Вардар ќе биде без голманите Гогов и Богдановски, а ги нема ниту пивотот Анастасовски и бековите Кавада и Стаменковиќ.
Свое европско деби ќе има средниот бек Да Силва, како и левото крило Кеита, кој беше повреден во првиот дел од сезоната.
Натпреварот меѓу Бенфика и Вардар се игра во „Луж Арена“ со почеток во 18:45 часот.
На табелата, Мелсунген има четири бода, Вардар е втор со два, исто колку што има и Кристијанштад, додека Бенфика е без бодови и мечот со Вардар е клучен за да фати приклучок кон ТОП 12.

























