ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Тиквеш без Тајник и „фараонот“ Мохамед, Бешикташ со најдобрите

Европската ракометна федерација ги објави составите на Бешикташ и Тиквеш за првата пресметка од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Стратегот на кавадарчани, Кристијан Грчевски, нема да смета на египетскиот десен бек Мохамед Ахмед и на словенечкиот пивот Јан Тајник.

Турскиот првак Бешикташ ќе настапи со најсилниот состав и ќе играат Гурбиндо, Сорендо, Ашанин, Озтурк…

Натпреварот меѓу Бешикташ и Тиквеш се игра во салата „Сулејман Себа“ во Истанбул со почеток во 16:00 часот, а судии се Александрс Радченко и Ралфс Персис од Летонија, додека делегат е Јонут Барбу од Романија.