По триумфот над Црна Гора со 31-21 во првата рунда од Европското првенство во словенечкиот град Целје, Македонија ја чека нов предизвик.
Селекторот Раде Стојановиќ се реши на денешниот натпревар да играат истите ракометари што беа дел од победата над Црна Гора.
Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска се игра во „Златорог Арена“ со почеток од 12:00 часот, а судии ќе бидат Мандак и Рудински од Словачка.
Делегати на овој дуел ќе бидат Јанко Пожежник од Словенија и Росица Димкова од Бугарија.
Во втората средба од нашата група, Австрија и Црна Гора ќе играат од 16:40 часот.