ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Стојановиќ избра за Фарски Острови, еве кои ракометари ќе играат

Машката репрезентација на Македонија денеска го стартува настапот на Светското првенство во Полска.

Прв ривал на избраниците на Раде Стојановиќ ќе бидат незгодните Фарски Острови, а селекторот ги избра 16 ракометари што ќе играат.

Надвор од комбинација за оваа средба останаа десното крило Јован Даневски и левиот бек Борјан Дамјаноски.

Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се игра во „Арена Катовице“ со почеток од 14:00 часот.

Македонија: Галевски, Брестовац, Стојановски М., Субашевски, Петковски, Белистојаноски, Карасманакис, Михајловиќ, Глигоров, Узунчев Д., Стојановски А., Узунчев Т., Калајџиески, Шулески, Димковски, Димевски.