Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го завршува настапот на Мундијалот во Полска со меч против САД за 25 место.
Ова ќе биде последен настап на оваа генерација на големите натпреварувања во младинските категории, па тоа ќе биде дополнителен мотив да се заокружи настапот во Полска со триумф.
Селекторот Раде Стојановиќ се реши на оваа средба да направи една промена во однос на вчерашната пресметка со Бразил.
Во составот се враќа левиот бек Тодор Узунчев, а нема да игра Давид Димевски, додека надвор од комбинација остана и десното крило Јован Даневски.
Натпреварот меѓу Македонија и Бразил се игра во салата „Легионов“ во Келце со почеток од 18:30 часот.
Состав на Македонија: Галевски, Брестовац, Субашевски, Стојановски М., Стојановски А., Узунчев Т., Димковски, Калајџиески, Шулески, Дамјаноски, Узунчев Д., Белистојаноски, Петковски, Карасманакис, Михајловиќ, Глигоров