ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Ројевиќ направи две промени, Охрид брка втор триумф кај Слога

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде реванш пресметката од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп на Охрид и босанската Слога Добој.

Охриѓани славеа на првиот дуел со убедливи 37-19 и практично го решија патникот во осминафиналето, а денешниот реванш што ќе се игра од 18:00 часот треба да биде само формалност.

Стратегот Борис Ројевиќ за овој дуел направи две промени во однос на оној состав што настапи на првиот меч во Охрид.

Поштеда доби Дарко Ѓукиќ, нема да игра ниту Владимир Бојаниќ, а на нивното место во ростерот се Никола Ристески и Даниел Ѓорѓески.