ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пелистерци одново без Манасков, Динамо Букурешт без Кудуз и Пасквал

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ги очекува најважниот натпревар во Лигата на шампионите, а во Битола гостува Динамо Букурешт.

Стратезите на двете екипи, Раул Алонсо и Давид Дејвис, ги одредија составите за пресметката во салата „Боро Чурлевски“.

Алонсо реши за овој натпревар да ги изостави голманот Печурица, левото крило Манасков, како и бековите Петровиќ и Ѓорговски, а надвор од комбинација е повредениот Цехте.

Тренерот на гостите на овој меч нема да смета на екс вардарецот Анте Кудуз и левото крило Алекс Пасквал.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Динамо Букурешт се игра вечерва со почеток во 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.