ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пелистерци без Гедбан и Сери, Калараш и Банхиди ги нема кај ПИК Сегед

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го играат седмиот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите.

Стратегот Бранко Ангеловски за пресметката со ПИК Сегед не може да смета на повредениот Цветан Кузманоски, па единствено лево крило ќе биде Петар Атанасијевиќ.

Во ростерот ги нема ниту голманот Калифа Гедбан, како и левите бекови Емилијан Ѓорговски и Руди Сери.

Во домашниот состав ги нема кружните напаѓачи Глеб Калараш и Бенце Банхиди, па само Матеј Габер останува опција на линијата за домашниот тренер Карпати.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „ПИК Арена“ со почеток во 18:45 часот.