ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пех за Македонија – без Ристовска против Германија

Европската ракометна федерација ги објави составите на Германија и Македонија за денешната пресметка во квалификациите за ЕП 2026.

Пех за Македонија и селекторот Кристијан Грчевски, кој остана без Сара Ристовска за овој натпревар поради повреда на десното крило.

Од списокот од 20 ракометарки, покрај Ристовска, поради повреда отпадна и Теодора Дукоска, а во составот нема да бидат ниту Бојана Коцева и Андреа Илиќ.

Натпреварот меѓу Германија и Македонија се игра вечерва во „Швалбе Арена“ во Гумерсбах од 19:30 часот.