Охрид, по елиминацијата на Баку во второто коло со 50 голови разлика, сега има потежок предизвик во босанската екипа Слога Добој во ЕХФ Европскиот Куп.
Со оглед на амбициите и на ростерот, ниту оваа екипа не треба да биде пречка за „гладијаторите“, кои сигурно ќе посакуваат што повисока победа пред реваншот.
Стратегот Борис Ројевиќ за овој натпревар нема да смета на голманите Градимир Чаневски и Даниел Ѓорѓески, како и на младите Никола Ристески, Илија Трајчески…а го нема ниту Предраг Вејин.
Кај гостите ќе недостига пивотот Радомир Стојановиќ, кој доживеа сообраќајка.
Натпреварот меѓу Охрид и Слога Добој се игра вечерва во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот.

























