Ракометарите на Охрид денеска пред својата публика го стартуваат настапот во Европскиот Куп.
Ривал на „гладијаторите“ во втората рунда од второто по ранг европско клупско натпреварување е Потаиса Турда од Романија.
Тренерот на Охрид, Стевче Алушовски, за овој натпревар го одреди составот и ќе може да смета на најдобрите.
Кај Потаиса Турда има две познати имиња – Иракли Кбилашвили и Матеуш Пиеховски, првиот мина краток период во Металург, додека вториот беше дел од Еурофарм Пелистер во пролетниот дел од минатата сезона
Натпреварот меѓу Охрид и Потаиса Турда ќе се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.