ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Охрид без Вејин, Баку со 12 ракометари

Европската ракометна федерација ги објави составите за првата пресметка меѓу Охрид и Баку од второто коло на ЕХФ Европскиот Куп.

Стратегот Борис Ројевиќ не може да смета на повредениот Јотиќ, Вејин исто така не е во составот, но и без нив Охрид е големи фаворит на овој двомеч.

Азербејџанскиот состав допатува само со 12 ракометари, па според очекувањата на домашните, патникот во третата рунда ќе биде решен уште вечерва.

Судии на натпреварот што се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ од 18:00 часот се Ухлир Јакуб и Бенус Војтех од Чешка, додека делегат е Радош Ракочевиќ од Црна Гора.