ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Охрид без повредениот Лиапис, Ројевиќ направи две промени

Ракометарите на Охрид денеска го играат реванш натпреварот против Дукла Прага од ЕХФ Европскиот Куп.

Охриѓани имаат плус девет по првиот меч во СРЦ „Билјанини Извори“, кога беше 30-21, предност што треба да биде доволна за прогрес.

Тренерот Борис Ројевиќ направи две промени во ростерот – на местото на повредениот Николаос Лиапис и на Владимир Бојаниќ ќе бидат левото крило Никола Ристески и левиот бек Дејан Кукуловски.

Во составот на Дукла Прага ќе недостига најдобриот стрелец Јозеф Јонас, кој има скинати лигаменти.

Натпреварот меѓу Дукла Прага и Охрид се игра во СЦ „Репи“ со почеток од 18:00 часот, а не е предвиден ТВ пренос.