ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Металург Автокоманда со најдобрите, Диферданж без најискусните

Европската ракометна федерација ги објави составите на Металург Автокоманда и Диферданж од Луксембург за првата средба од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Јулијана Дамчевска ќе смета на сите расположиви сили, освен на голманката Амра Терзиќ, која паузира поради мајчинство.

Во гостинскиот состав ќе недостигаат дел од најискусните ракометарки – 41-годишниот десен бек Емилија Рогуцка, пивотменката Кети Бивиер, како и левото крило Ана Монтеиро.

Првиот натпревар меѓу Металург Автокоманда и Диферданж се игра денеска од 15:00 часот во Автокоманда, а влезот е слободен.