ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Металург Автокоманда со истите 16 брка нова победа над Диферданж

Европската ракометна федерација ги објави составите на Металург Автокоманда и Диферданж од Луксембург за вториот меч од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Јулијана Дамчевска ќе смета на истите ракометарки кои играа и на првата средба што ја добија со 40-25, а нема измени ниту во составот на ривалот.

Металург Автокоманда веќе може да прави планови за третото коло, каде што е шампионот Ѓорче Петров.

Натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Диферданж се игра денеска од 15:00 часот во салата во Автокоманда.