ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Металург Автокоманда со „фул“ ростер, Сплит со 13 ракометарки

Металург Автокоманда денеска во салата во Автокоманда ќе го игра реваншот со хрватскиот Сплит, откако првиот меч заврши 24-24.

Избраничките на Јулијана Дамчевска можеа и да победат на гостински терен, но и овој резултат не е лош, па сега било каква победа ги води во осминафиналето.

Дамчевска се реши за овој дуел да смета на стандардните ракометарки кои беа дел од ростерот и на првиот меч, додека гостинките допатуваа со 13 ракометарки

Натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Сплит ќе се игра денеска во салата во Автокоманда со почеток од 15:00 часот.