ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Металург Автокоманда со „фул“ ростер брка позитивен резултат во Сплит

Тимот на Металург Автокоманда денеска го игра првиот натпревар од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп на гостувањето кај Сплит.

Стратегот на македонскиот претставник, Јулијана Дамчевска, ќе смета на сите расположиви сили за овој дуел, освен голманката Амра Терзиќ, која стана мајка и паузира од ракометот.

Домашниот стратег Љубо Вукиќ исто така ќе ги има на располагање најдобрите ракометарки, па се очекува интересен натпревар во салата „Грипе“ во Сплит.

Во претходната рунда Металург Автокоманда со две победи го елиминира Диферданж од Луксембург, додека Сплит со победа и пораз беше подобар во двомечот со босанската Крајина.