ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со стандардните 16 за крај на ЕП

Машката младинска репрезентација денеска ќе го одигра последниот натпревар на младинското ЕП во Словенија.

Ривал на избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде селекцијата на Франција, а селекторот во составот реши да бидат стандардните 16 кои и досега беа дел од натпреварите.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра денеска од 14:20 часот во салата „Головец“ во Целје.

Судијки на овој натпревар ќе бидат Мериси и Пепе од Италија, додека делегати се Фернадез од Шпанија и Кацикис од Грција.