Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ја очекува втората пресметка од квалификациите за ЕП 2026 против јужниот сосед.
Селекторот Горан Кузманоски за овој дуел ќе смета на истите ракометари што играа и во победата против Финска.
Од комбинација за настап на овој дуел отпаднаа левиот бек Тео Спировски и голманот Атанасиј Трсунов.
Натпреварот меѓу Македонија и Грција се игра денеска со почеток во 14:30 часот во националниот спортски центар во Луксембург.

























