Mладинската репрезентација на Македонија денеска го има третиот предизвик на Мундијалот во Полска.
Противник на избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде Исланд, а селекторот се реши за две промени во составот.
На местото на Томислав Димковски и Борјан Дамјаноски, шанса да настапат ќе добијат Тодор Узунчев и Јован Даневски.
Узунчев беше во составот на првиот меч со Фарски Острови, додека Даневски ќе дебитира на овој Мундијал.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра денеска во „Арена Катовице“ со почеток во 14:00 часот.