Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот меч на Светското првенство, кое се одржува во Скопје.
По убедливата победа над САД во рамки од првото коло, младинките на Македонија за втор ривал ја имаат репрезентацијата на Исланд.
Селекторот Дарко Јанев, кој за денешниот дуел нема да може да смета на Бојана Коцева, која се повреда против САД, го одреди составот и одлучи шанса да им даде на Леона Миленковска и Анастасија Величковска.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд е закажан за 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Влезот за сите љубители е слободен.