Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство во Црна Гора.
Ривал на избраниците на Наум Танески е јужниот сосед Грција, во наптревар за 19 место на континенталниот собир.
Селекторот повторно го изостави од составот лидерот Дамјан Митев, а шанса ќе има за Христијан Ѓурмешевиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Грција ќе стартува од 17:00 часот, a судии ќе бидат Раукс и Линстер од Луксембург.