ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров избра за АЕК Атина – еве кои ќе играат, домаќинот без Дуарте!

Европската ракометна федерација ги објави составите на АЕК Атина и „сино-белите“ од Автокоманда за првиот финален натпревар од Европскиот Куп.

Тренерот Кирил Лазаров имаше големи проблеми со повредени ракометари – Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Никола Костески…но и покрај тоа македонскиот претставник има добар тим на располагање.

Од комбинација за настап отпаднаа искусните Костадин Петров и Благојче Трајкоски.

Во составот на АЕК Атина, тренерот Фредерик Бужан не смета на тунискиот голман Амин Бен Чеих, франуцското лево крило Јонатан Азорин, португалскиот лев бек Жилберто Дуарте…

Натпреварот меѓу АЕК Атина и тимот на Лазаров се игра вечерва во „Сунел Арена“ со почеток во 18:00 часот.