ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров избра – со една промена против Романија

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе игра против Романија во последниот дуел од групната фаза на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Селекторот Кирил Лазаров нема да смета на повредениот Петар Атанасијевиќ, а на негово место ќе игра Гоце Ојлески, додека надвор од комбинација останаа голманот Иван Галевски, пивотот Самоил Ристевски и левиот бек Дамјан Митев.

Македонија со триумф на оваа средба сигурно ќе биде трета, а тоа значи еден бараж за СП 2027, па дури и прв шешир во ждрепката.

Но постојат шансите и за прогрес во главната рунда на ЕП, а за тоа ни треба што поубедлива победа над Романија, но и што поубедлива победа на Данска над Португалија. Збирот на разликите на двете победи да биде поголем од 18, односно од 19 па нагоре…

Состав на Македонија: Митревски, Томовски, Џонов, Ојлески, Атанасијевиќ Павле, Костески Ненад, Костески Никола, Аларов, Маркоски, Стојковиќ, Пешевски, Велковски, Серафимов, Кузмановски, Ѓорѓиев, Митев.