Македонскиот шампион Ѓорче Петров, кој беше рангиран високо во рејтингот на ЕХФ Европскиот Куп, денеска ќе ја има првата европска обврска за сезонава.
„Лавиците“ на Симе Симовски ќе играат два пати на домашен терен против шпанскиот Елче од кој беа елиминирани пред две сезони во четвртфиналето на истото натпреварување.
Шпанскиот тим за разлика од тогаш кога стигна до трофејот, сега е ослабен, но одново има ростер кој не смее да биде потценет, без разлика што се решија да играат два пати во Скопје.
Симе Симовски ќе смета на најсилниот ростер што го има на располагање, а од комбинација за настап отпаднаа голманката Дарија Наумоска и кружниот напаѓач Ива Велкова.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Елче, на кој македонскиот тим е формално гостин се игра од 12:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.


























