ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Кузманоски избра за Финска – еве кои кадети ќе играат

Машката кадетска репрезентација од денеска ја почнува битката за пласман на Европското првенство во Србија наредната година.

Прв ривал е селекцијата на Финска, а селекторот Горан Кузманоски и неговиот стручен штаб со Митко Стоилов, Ице Соколески и Филип Миркуловски, го одредија составот за првиот меч.

Од 18 ракометари што се во Луксембург, за првиот предизвик отпаднаа левиот бек Тео Спировски и голманот Атанасиј Трсунов.

Натпреварот меѓу Македонија и Финска се игра денеска во националниот спортски центар во Луксембург од 16:00 часот.

Пласман на ЕП 2026 обезбедуваат прво и второпласираните селекции од петте квалифиакциски турнири, а во групата на Македонија покрај Финска и Луксембург е уште селекцијата на Грција.