Robert Lemberg

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Кузманоски избра – Македонија со истите сили брка ЕП

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе ја има клучната битка за пласман на ЕП 2026.

Од 15:30 часот избраниците на Горан Кузманоски ќе се соочат со Луксембург, кој веќе ги загуби шансите за место на континетналниот собир, бидејќи загуби и од Финска и од Грција.

Селекторот се реши за овој натпревар да смета на истите ракометари од претходните два меча, па на трибините ќе останат Атанасиј Трсунов и Тео Спировски.

Претходно од 13:00 часот ќе играат Финска и Грција, па Македонија точно ќе знае што и треба за пласман на ЕП. Ако слави Финска, а Македонија го победи Луксембург, тогаш ќе има три селекции со по четири бода, па ќе решава меѓусебната гол-разлика, а Македонија има +6.

Ако слави Грција, тогаш јужниот сосед е прв, а Македонија дури и реми со Луксембург ќе ја однесе на второто место и на ЕП. Ако мечот меѓу Финска и Грција заврши реми, тогаш нашите момци ќе мора да слават против Луксембург за да бидат втори.