Европската ракометна федерација ги објави составите на Каскада Гарлијава и Куманово за првата пресметка во ЕХФ Европскиот Куп.
Стратегот Славиша Димитријески ќе смета на 16 ракометарки, меѓу кои се Шехтанска, Павлова, Мемов, Нестороска…
Во составот се и двете засилувања од Бразил и Португалија, средниот бек Маријана Азеведо и десниот бек Аманда Стеин.
Натпреварот меѓу Каскада и Куманово ќе се игра денеска во Гарлијава во „Спортски центар Кауно“ од 16:00 часот.



























