ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Куманово со Грујовска, Нестороска, Петреска, Азеведо…ќе брка висока негатива

Европската ракометна федерација ги објави составите на Куманово и Каскада Гарлијава за реванш пресметката од ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот претставник загуби на гости со 32-25 од литванскиот шампион, а да не беа грешките во финишот ќе се вратеше со поднослив пораз.

Но има да се одиграат уште 60 минути пред публиката во Куманово, која сигурно ќе ги бодри избраничките на Славиша Димитријески.

Составот на Куманово е истиот од првата средба – тука се Грујовска, Петреска, Павлова, Шехтанска, Нестороска…како и двете интернационалки Азеведо и Стеин. И кај гостинките составот е ист од првата средба.

Натпреварот меѓу Куманово и Каскада се игра во градската сала во Куманово со почеток во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.