Машката сениорска репрезентација на Македонија денес ќе го има последниот настап на Европското првенство 2024.
Последен ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Швајцарија, која во претходното коло одигра реми со Франција.
Исто како и Македонија, Швајцарија остана без пласман во главната фаза, но со евентуално реми во денешниот дуел ќе го освои третото место во групата А.
На последниот натпревар нема да настапи капитенот Никола Митревски поради повреда, па така на негово место ќе биде Марко Кизиќ, а на трибините ќе остане Давид Савревски.
Состав на Македонија: Марко Кизиќ, Мартин Томовски, Едвид Омерагиќ, Мартин Велковски, Игор Ѓорѓиев, Марко Митев, Филип Талески, Петар Атанасијевиќ, Томислав Јагуриновски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Никола Костески, Милан Лазаревски, Иван Џонов.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе се одигра во „Мерцедес Арена“ во Берлин со почеток од 18:00 часот.