Европската ракометна федерација ги објави составите на Магдебург и Еурофарм Пелистер за пресметката во Лигата на шампионите.
Тренерот на пелистерци, Рубен Гарабаја, за овој натпревар го има Давид Брестовац по камбекот поради повреда, а нема да игра Ник Хенигман, како и голманот Хеидарирад, а одамна повредени се Самоил Ристевски и Цветан Кузманоски.
Натпреварот меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер е закажан за вечерва со почеток во 20:45 часот.